ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Протест пред Комунална хигиена, отказ добија 112 вработени

Поранешните вработени во претпријатието „Комунална хигиена“, протестираа против директорката Косана Мазнева, која на почетокот на месецот им ги раскина договорите на 112 вработени. Поранешните вработени обвинуваат дека добиле отказ по етничка, верска или партиска основа. Поранешниот помошник директор Милаим Алиу, вели дека со образложението на директорката „не ми требате“, од работа се избркани вработени кои имаат работен стаж повеќе од пет години. Алиу ја обвинува директорката Мазева, дека сака да вработи свои луѓе. Според него, од 31 септември досега се ангажирани 41 лице.

„Меѓу избрканите се над 90% Албанци. Меѓу овие е и единствената жена со шамија, во Комунална хигиена. Избркан е и колегата правник заедно со неговата сопруга. На неговата сопруга и е раскинат договорот по 5 години работа во јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје. Избркан е и нашиот колега, кој со својата плата, покрај сопственото семејство, ги издржува и децата на својот брат, кој почина пред три месеци на 35-годишна возраст. Избркано е лицето кое 8 години, лето и зима, работи како мијач на камиони под отворено небо“, вели Милаим Алиу, поранешен вработен.

Вработените велат дека после години напорна работа се бркаат без никаква причина.

„Пет години и пет месеци работев на автоперална, и две години во Град Скопје, работев и чистев. Кога имаше поплави во Тетово, јас бев таму на акција две недели, бев таму во поплавите во Ченто, немав ни решение, ништо… Имам деца, имам кредити како сите Албанци, како да ги издржувам, дали некој сноси одговорност за ова, некој воопшто?, реагира Тасим Лачи, поранешен вработен.

Директорката Косана Мазева, во својот писмен одговор вели дека „Комунална хигиена“ повеќе нема потреба од овие вработени, и дека раководството на претпријатието има за цел да ги намали трошоците. Што се однесува до вработувањето на 40 нововработени, вели дека тие се неопходни за работата на компанијата.

„Оние лица кои се вработени на привремена основа, на привремени позиции во моментот се неопходни за работата на претпријатието и од тие причини биле вработени“, вели Мазнева.

Поранешните вработени во „Комуначна хигиена“, изјавија дека нема да престанат да бараат правда. Бараат што поскоро да се вратат на работа, во рок од 7 дена да се сретнат со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и директорката на претпријатието, како и на сите вработени со привремени решенија да им се дадат трајни решенија. Во спротивно, протестите ќе продолжат и понатаму.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button