ВЕСТИРЕГИОН

Радев објави: На 14 ноември и претседателски и парламентарни избори во Бугарија

На 14 ноември во Бугарија ќе се одржат и претседателски и парламентарни избори, соопшти денеска бугарскиот претседател Румен Радев. Тој најави дека што е можно поскоро ќе го расушти и Народното собрание, во согласност со Уставот и законите.

„Изборите ќе бидат ‘2 во 1’ на 14 ноември. На овој начин ќе заштедиме пари, а особено ќе им заштедиме време на граѓаните“, изјави Радев денеска, за време на посетата на Плевен.

Радев објасни дека Собранието ќе го распушти онака како што предвидуваат Уставот и Изборниот законик. Во меѓувреме, техничката влада ќе продолжи да работи, на, како што рече, искоренување на корупцијата од бугарските институции, транспарентно и одговорно во интерес на бугарските граѓани.

За кампањата рече дека исто како и изборите, ќе биде „2 во 1“ и ќе се спојат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button