РАКОМЕТ

Ракомет, ограничен број навивачи за последниот турнир во Келн

Ограничен број навивачи ќе имаат можност да уживаат во ракометните натпревари во последниот турнир во Келн, каде ќе се одржи финалето од Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација потврди дека 500 навивачи ќе имаат можност да ги следат натпреварите на арената Ланксес во Келн. Причина е подобрената состојба со коронавирусот во Германија. Париз Сен Жермен, Барселона, Нант и Алборг се дел од завршниот турнир. На 12 јуни Барселона го предизвикува Нант, а ПСЖ се среќава со Алборг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button