РАКОМЕТ

Ракомет, Велковски доби покана од Лазаров

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Мартин Велковски е меѓу ракометарите поканети од новиот селектор, Кирил Лазаров. Велковски има тешка задача, бидејќи ќе биде првата замена за капитенот Лазаров, пред двата квалификациски предизвици против Данска. Велковски истакна дека на предвидените тренинзи поканетите ракометари треба да дадат се од себе и да ги следат советите на најпознатиот ракометар од Македонија. Во понеделник се очекува македонскиот тим да биде комплетиран, со доаѓањето на некои ракометари кои имаат обврски со своите клубови за време на викендот. Првиот предизвик против Данска е закажан за 11 март во 20 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, додека вториот ќе се одржи во Алборг, на 14 март, во 16 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button