ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Раководител во АД Водостопанство – Скопје осомничен за примање поткуп, ОЈО бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе nаредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – примање поткуп казниво согласно член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 42-годишник, со пријавено место на живеење во струмичко Ново Село, но вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје, во периодот од 01.12.2022 година до 19.05.2023 година, за себе примил подарок – парични средства од поголема вредност за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши“, соопшти обвинителството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button