РЕГИОН

Рама го објави составот на новата влада

На седницата на Собранието на Социјалистичката партија на Албанија, претседателот на оваа партија, истовремено и премиерот, Еди Рама ги изрази своите амбиции за уште еден мандат од четири години, велејќи дека СП се соочува со тежок предизвик. Осум дена пред седницата на новиот состав на државното Собрание кое што произлезе од изборите одржани во април оваа година, Рама рече дека неговата партија мора „да ги спушти нозете на земја и да најде нова сила да ја гледа победата со критичко око“. На седницата на собранието на Социјалистичката партија беа назначени новите министри во третата влада на Рама и тоа повеќето познати имиња. На централните избори што се одржаа на 25 април годинава, Социјалистичката партија освои 74 места, Демократската партија освои 59 места, додека Социјалистичкото движење претрпе загуба, каде што успеа да добие само четири места од 19 што ги имаше на претходните избори одржани во 2017 година. Новата влада се очекува да биде формирана на 10 септември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button