ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ново одложување на „Плацови на Водно“, мајката на Камчев дојде без адвокат

Ново одложување на судскиот процес „Плацеви на Водно“. Не дојде адвокатот на обвинетата Ратка Камчева, зашто за друг предмет во исто време бил на јавна седница во Апелациониот суд. Судијата ја праша мајката на Орце Камчев дали ќе назначи нов адвокат од некои од присутните на судењето, но откако не доби одговор, ѝ се обрати со нервозен тон:

„Син ви има 15 адвокати. Ама како сакате, ако сакате ќе го одложиме денешното рочиште и ќе закажеме ново. Ако сакате ќе одложиме и за еден месец, два или три. Потоа за секој ден ќе закажеме судења. Ќе ви се испочитуваат правата“, нагласи Иле Трпков, судија.

„Се извинувам судија…“, рече Ратка Камчева, обвинета.

Одбраната пак, поинаку размислува.

Повторно доаѓаме во ситуција кога одбраната е маргинализирана и колку да седи како мртва природа. Ниту еден од бранителите кои беа во судница не е подготвен и не го проучувал предметот за Ратка Камчева, затоа ние, секој од нас го поручува предметот за својот клиент – изјави Звонко Давидовиќ, Адвокат на Сашо Мијалков.

Судењето за овој предмет беше одложено и пред два дена поради тестирањето на обвинителката Лиле Стефанова поради контакт со позитивен на Ковид – 19. Инаку, за плацевите на Водно и другите имоти на Груевски, евентуално купени со партиски пари во висина од 1,3 милиони евра, им се суди на повеќемина. Освен на Груевски, во обвинителниот акт се и неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Орце Камчев и неговата мајка Ратка, кои се гонат за перење пари. На екс –директорот на УБК, Сашо Мијалов, му се суди за помагање во перење пари. Рочиштето треба да продолжи следниот петок.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button