ЗАБАВА

Падна снег во пустината Атакама во Чиле

Пустината Атакама во Чиле е најсувото место во светот. Меѓутоа, пред неколку денови на тоа место беа забележани обилни врнежи од снег. Во некои области висината на снежната покривка достигна 15 сантиметри. Градовите како Ел Салвадор и Сан Педро де Атакама, на околу 750 километри северно од главниот град Сантијаго, се разбудија покриени со снег. Инаку, во август на јужната хемисфера завршува зимата, но вообичаено снег може да заврне во јуни и јули. Овие врнежи се најинтензивни во последните три децении.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button