ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово, тричлено семејство починало од Ковид-19

Три членови од исто семејство во тетовско биле заразени од ковид-19 и починале. Иако сите тројца биле во многу тешка состојба, не побарале лекарска помош и починале во домашни услови.

„Имаме информации дека минатата недела во домашни услови од исто семејство починале три лица, татко, мајка и ќерка. Сите тројца биле со тешки комобидитети, ќерката која имала 36 години, била со тешки гинеколошки проблеми, а и нејзините родители исто така биле со тешка форма на болести, таткото имал карцином, а мајката била со кардиомиопатија. Но и покрај тоа, со сигурност знаеме дека не дошле да се прегледаат во болница. Значи, генетскиот фактор и коморбидитетите се главната причина за ова. Во семејството немало други заболени лица“, изјави д-р Миранда Пајазити од  Ковид-центарот во Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button