ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рамадани, Демири и Исмаиловиќ-тема на средбата Мицкоски-Курти

Рамадани, Демири и Исмаиловиќ-тема на средбата Мицкоски-Курти

Првични знаци за можно усогласување околу случајот со поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, но и двајцата осудени на доживотен затвор за случајот Монструм, кои по четврти пат се бараат за екстрадиција од македонските власти. Курти рече дека заради позитивните односи кон кои се стремаат земјите, пресудите од македонските судови ќе го покажат патот по кој ќе се движиме без јасно да каже дека тој пат и досега го трасираше судската пракса. Од друга страна и премиерот Мицкоски рече дека не го изоставил ниту прашањето за братучедите Демири.

„Ова не ни се случува прв пат, тоа ни се случуваше и во минатото, и верувам дека пресудите на судовите во Република Северна Македонија од минатото јасно го покажуваат патот по кој ќе одиме во блиска иднина. Нашите министри за правда ќе бидат во директен и континуиран контакт. Сè ќе оди според општата вредност што се заснова на закон и устав… ( ) Се покрена и случајот со двајцата бегалци, за кои предметот сега е во специјалното обвинителство на нашата земја”, рече Албин Курти, премиер на Косово.

Блерим Рамадани беше приведен на 17 јули на граничниот премин Јажинце, врз основа на српска потерница издадена до Интерпол. Тој беше задржан неколку дена во екстрадиционен притвор во Идризово, а потоа пуштен во домашен притвор на адреса во Скопје. Од друга страна, за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени на доживотен затвор за „Монструм“судовите во Приштина 3 пат по ред одбиваат екстрадиција./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button