ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рамадани до ДУИ: Интелектуалната елита што ја навредивте ќе ве испрати во опозиција

Од коалицијата ВЛЕН денеска реагираа поради неопфатеноста на сите државни универзитети со колективниот договор, со што вработените во тие институции останаа без покачување на платите за 22%. Како што рече во својата прес конференција Блерат Рамадани, образложението на екс спикерот, Талат Џафери, дека сите останати, освен Универзитетот Кирил и Методиј (УКИМ), имале некомплетна документација, е навреда за универзитетите и интелектуалната елита.

Advertisements

„Зошто Талат Џафери не го потпиша колективниот договор пред да се распишат изборите, како што тоа го направи со УКИМ? Зошто го праќа Арбер Адеми да се поигрува со колегите во универзитетот во Тетово? Затоа на 8 мај, оваа елита, ќе ве испратат онаму каде што ви е местото, дома и во опозиција“, рече Рамадани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button