ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рашковски не открива, но карабината за хациендата може да чини 400 000 евра!

Колку чини, хациендата која семејството Рашковски планира да ја гради во викенд населбата Побожје, во подножјето на Скопска Црна Гора. Откако вчера објавивме дека малолетните деца на поранешниот генсек на Владата се јавуваат како инвеститори на супер комотна вила од 800 метри квадратни и денеска испративме прашања до Рашковски.Го прашавме – колку семејството Рашковски треба да одвои од семејниот буџет за да го изгради овој грандиозен проект. Одговор и денеска не добивме.

Прашање до Драги Рашковски:

„Господине Рашковски во име на отчетноста и јавниот интерес, колку би чинел објектот кој плаанирате да го градите во Побожје?“

Според проектот, во кој имавме увид, во супер луксузната вила предвидени се, базен, теретана, соба за билијард, винска визба и разни други погодности.

Бидејќи Рашковски не ни одговри, прашавме градежен инжинер колку чини да се изгради ваков објект за домување од 800 метри квадратни, доколку се гради по македонски стандарди за употреба на материјали што ги има на пазарот.

„Вкупно изградбата на градежни работи и градежно занаетчиски работи тоа е карабина, меѓутоа и со завршни занаетчиски работи би чинело некои 450 илјади евра или поточно од 420 до 450 илјади евра. Заедно значи градежни работи и занаетчиски работи“, вели Трајко Трајковски, градежен инженер.

Во Побожје, плацот од неколку илјади евра е израмнет. Исечени се дрвјата а теренот е направен тепсија. Го прашавме Трајковски колку чини само порамнувањето на просторот.

„Две и пол евра од квадрат е само расчистување на терен во нормална хоризонтална па и не мора хоризонтална или чиста позиција“, додава инженерот Трајковски.

Барањето за дозвола за градење до општина Чучер Сандево семејството
Рашковски го поднеле пред два дена. Според општината за луксузната вила тие ќе треба да платат комуналии по десет евра за метар квадратен или вкупно 8 илјади евра. Рашковски во Побожје поседува 11 илјади метри квадратни земјоделско земјиште. Антикорупциска најави дека и понатаму ќе истражува дали Рашковски троши повеќе од што заработувал и дали месечните примања му дозволуваат да купува земјиште но и да гради вакви луксузни хациенди.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button