ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Драги Рашковски по серијата скандали поднесе оставка

Драги Рашковски поднесе неотповиклива оставка. Илинденска 2 остана без секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата. Рашковски се повлече по серијата скандали кои го пратеа додека беше и генерален секретар на владата на Зоран Заев. Неговата оставка се поврзува по серијата натписи дека набавил софтвер за мерење просечна брзина во сообраќајот за која МВР рече дека не им е потребен.

„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зашто нивното негативно влијание не штети само лично“, наведува Рашковски.

Премиерот Зоран Заев ја прифатил оставката на Рашковски. Сепак од Владата го бранат поранешниот генсек, софтверот бил исправен и набавен законски.

„Набавката на софтверот во целосно транспарентна процедура во согласност со Законот за јавни набавки. Институциите имаат потреба од тој софтвер за сообраќај“, рече Душко Арсовски, портпарол на Владата.

За ВМРО – ДПМНЕ оставката не е доволна.

„Рашковски оддамна треба да биде таму каде што припаѓа а тоа е во затвор. Не може службеник со плата од неколку стотици евра или професор на факултет да поседува и гради хациенди со илјадници метри квадратни, да летува и дезертира во ек на пандемија и да ни кажува де се ефтини аранжманите и да вози џипови од 7о илјади евра“, рече Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Рашковски беше сменет од позицијата генерален секретар по изборите лани, но и натаму остана во Кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button