ЕКОНОМИЈА

Расправа за предлог буџетот за следната година

Парламентарната комисија расправа за предлог-законот за буџет за следната година. Приходите во буџетот се очекува да бидат во износ од 5,8 милијарди евра, што е за 13 проценти повеќе од годинешниот буџет. Расходите се очекува да достигнат 6,5 милијарди евра. Буџетскиот дефицит се предвидува да изнесува 4 отсто, а инфлацијата 2,2 отсто.

Advertisements

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека предлог-буџетот содржи мерки и политики за унапредување на економскиот раст. Според министерката, се намалуваат средствата за непродуктивни трошоци како што се мебелот и автомобилите, како и предвидени се средства за подигнување на животниот стандард на граѓаните, како што се зголемувањето на пензиите за 2500 денари во март и зголемувањето на платите во некои други сектори.

СДСМ најави над 200 амандмани со кои бара, меѓу другото, и поголемо зголемување на платите. Буџетот го сметаат за нереален и претставува ризик за финансиската стабилност на државата.

57 амандмани за предлог-буџетот ќе има и Европскиот фронт.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button