ВЕСТИСВЕТ

Растат тензиите пред погребот на Навални во Москва

Безбедносните сили во Москва денеска демонстрираа сила додека ожалостените се собраа на погребот на противникот на Кремљ Алексеј Навални, кој почина пред две недели во затвор на Арктикот, јави ДПА.

Повеќе од илјада луѓе се собраа пред црквата во Москва, каде што ќе се одржи погребот на Навални, за да се простат од него.

Метални огради беа поставени околу голема површина пред почетокот на церемонијата на московската црква и гробишта, а десетици возила за итна помош и униформирани службеници зазедоа позиции од рано утрото.

Службениците ги проверуваат документите и личните работи на минувачите и има извештаи дека мобилните интернет услуги во областа се исклучени.

Почетокот на богослужбата е закажан за 14:00 часот по локално време во црквата во московската општина Марино.

Имаше извештаи дека таму е објавена белешка во која се бара луѓето да не се сликаат или фотографираат. Погребот е закажан за два часа подоцна на гробиштата Борисов.

Портпаролот на Кремљ Димитри Песков прашан за Навални на редовниот брифинг со новинарите рече дека нема што да му соопшти на семејството на Навални на денот на неговиот погреб.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button