ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Расте бројот на случаи со алергија

Расте бројот на случаи со алергија

До средината на 21 век, се очекува секое второ дете во светот да биде погодено од некој вид на алергија, велат од Детската клиника во Скопје и додаваат дека чувствуваат загриженост поради зголемувањето на бројот на случаи на алергија. Според челниците на оваа институција, на клиниката сега доминираат случаи со симптоми на алергија кои добиваат соодветен третман.

Според директорката Валентина Цвејоска Чолаковска, меѓу факторите кои влијаат на зголемувањето на бројот на деца со алергии се глобалното затоплување, загаденоста на воздухот и храната со сомнителен квалитет.

Кашлање, температура, кивање и црвени очи се некои од симптомите кои ја карактеризираат алергијата. Најчести алергии се: алергии на храна, лекови, убоди од инсекти и сезонските алергии. Лекарите ги советуваат луѓето со алергија на полен да избегнуваат изложување на места каде што има цвеќиња и дрвја. Според лекарите, нелечењето на алергиите може да предизвика компликации, а една од нив е астмата, па затоа апелираат да не се потценуваат симптомите. Лекарите апелираат на адекватен третман, а пред се редовна вакцинација. Според податоците на лекарите, во Европа 60% од населението е погодено од алергии, од кои 15 до 20% страдаат од тешка форма на болеста./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button