ВЕСТИРЕГИОН

Расте бројот на затруени во Дечани, анализите покажуваат дека водата не е загадена

Бројот на затруени во оваа косовска општина расте, а микробиолошките анализи на примероците од водата за пиење се негативни.

Директорот на Националниот институт за јавно здравје на Косово, Насер Рамадани, изјави дека труењето во Дечани не се случило поради неисправност на водата за пиење.

„Лабораториските резултати кои ги добивме укажуваат на тоа дека нема трага на труење од вода. Но, ова со сигурност ќе се знае по дополнителните анализи и на водата и на пациентите“, рече Рамадани.

Хемиските анализи на примероците на вода земени од шест села во општина Дечани два пати дале негативни резултати. Во Дечани вчера беше прогласена вонредна состојба поради масовно труење на околу 1500 жители.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button