ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Растрчани по струја – пред Божиќ, државата гои прасе

Машините за ископ на јаглен работат 24/7, а работниците ротираат во три смени. Но, не се доволни да ги исполнат печките на ТЕЦ Битола која произведува 70 отсто од електричната енергија во земјава. Според експлоатацијата во само три отворени рудници има околу 80 милиони тони јаглен и се проверуваат уште три локации кои би ги зголемиле природните ресурси за 10-15 години. Но, ТЕЦ Битола планира да увезува јаглен од Грција и Албанија по цена 5 пати повисока од домашното производство 11€ за тон.

Од ЕСМ велат дека јагленот што се вади од рудникот Суводол, Брод Гнеотино и она што во иднина би го нудело Живојнo не е толку калоричен, па мора да се прска со мазут за да се подигне нивото на произведена струја. Дополнително, со поправки се одржува животниот век на трите блока кои се стари по 42 години. Поправките некогаш чинат и до 10 милиони евра за секој, но и покрај тоа, тие немаат максимален производствен потенцијал.

Од согорувањето на јагленот би требало максимално од секој блок да се добиваат по 230 mwh, но тоа е невозможно. За да се исполнат сите барања за струја, во Македонија треба да се увезат околу 30 отсто од вкупната потрошувачка. Државата изминатите години и децении не успеа да ги гасифицира термоцентралите, а дури сега откако настапи енергетска криза во Европа, се актуелизираше поставувањето фотоволтаици.

Природниот гас би бил многу поеколошки извор на струја и би ја заштитил природата во Пелагонија. Но, за жал, тоа е далеку. Во меѓувреме, иако оваа електрана ја прави струјата за цела држава, Битола нема парно. Огромните количества топла вода кои настануваат во производствениот процес, не се користат за ништо. Парно за Битола за ветува за неколку години.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button