ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Грејната сезона почна со над 600 дефекти во зградите

Екипите на ЕСМ кои управуваат со греењето на главниот град работат на терен откако на вториот ден од грејната сезона пријавени се 600 дефекти. Од дирекцијата велат дека нема проблем во централната мрежа, туку дефекти се констатирани во потстаниците и внатрешните инсталации на објектите. Со малиот расположлив персонал, овие поправки ќе се извршат во рок од две недели бидејќи приоритет им се дава на протекувањата од радијаторите.

За среќа топлото време кое се очекува целава претстојна недела, наспроти малите количества гас кои ЕСМ ги има на располагање, а кои се за само две недели, одат во прилог парното да се пушта само по три часа наутро.

Државното акционерско друштво ЕСМ, кое 10 години ја доби лиценцата за снабдување со топлинска енергија, ги повикува корисниците на парно греење во Скопје да се обратат до најблиските пунктови за да склучат нови договори.

Како ќе бидат следните 180 дена од грејната сезона, останува да видиме. Надлежните велат дека обезбедиле доволно енергија, но планот Б предвидува употреба на дизел бидејќи на пазарот има недостиг на мазут, но тој и повеќе ја загадува животната средина. Земјава актуелно има околу 105 милиони литри нафта од државните резерви што може да се користат за оваа намена.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button