ВЕСТИЗДРАВСТВО

Разрешени економските директори на Токсикологија, Неврологија, Ревматологија, Стоматолошка клиника…

Новиот министер за здравство Арбен Таравари уште на првиот ден по седнувањето на министерското столче веднаш разреши осум економски директори, кои се водат како вршители на должност и за кои не постои законска пречка за ексресно да ги напуштат фотељите.

Според информации на „Фокус“, во моментот разрешени се директорите на скопската Клиника за неврологија, Ендокринологија, Максилофацијална, потоа економските директори на Дерматологија, Ревматологија. Физикална медицина, како и Токсикологија, Стоматолошката клиника и Психијатриската клиника.

Разрешена е и една од „најпознатите“ економски директорки Бесија Иљази на Токсикологија, поради која настана целосен бунт меѓу вработените, а која ја имаше најголемата поддршка од поранешниот министер Илир Демири.

За сите оние кои имаат менаџерски договори, ќе биде направена промена во Законот, со која ќе бидат и тие тргнати од функциите.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button