ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реакција на Алијанса за Албанците за укинатата казна за Мијалков

Реакција на Алијанса за Албанците за укинатата казна за Мијалков

За укинувањето на пресудата за Мијалков и останатите, попладнево реагираше Алијанса за Албанците.

Според неа судовите и судиите под контрола на подароците Сваровски и куферите пари „Луј Витон“ веќе се претворија во адвокати на криминалот и корупцијата.

Мијалков бега од осум години затвор токму благодарение на правосудниот систем во земјава. „Во овој случај јасно се виде како функционира организираната мрежа на неправдата каде основните судови намерно прават пропусти, со кои потоа му создаваат алиби на Апелациониот суд да ги поништи пресудите.

Ова покажува дека на земјава и е потребна меѓународна мисија која ќе спроведе вистински реформи, додаваат од Алијанса./Alsat.mk

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button