СПОРТФУДБАЛ

Реал Мадрид може службено да го загуби мечот против Хетафе!?

Каталонскиот весник „Спорт“ ја потенцира грешката на Реал Мадрид која може да им ја одземе победата. Bо 84. минута Едуардо Камавинга излезе од игра, а на негово место влезе Алваро Одриозола. Но, планот на Анчелоти беше на Одриозола да влезе на местото од Асенсио, но Камавинга се повреди и мораше да биде направена промена во планот.

Сепак, Одриозола влегол во игра на местото на Асенсио, и во истиот момент од клупата на Реал му рекле дека тој останува во игра, а го повлекле Камавинга кој беше повреден.

„Измените ќе бидат ефективни кога резервата ќе влезе на теренот. Од тој момент, фудбалер кој го напушта теренот станува заменет играч, а резервата станува актуелен играч и може да почне да игра“, гласи правилото.

Ова правило веќе стапило на сила кога во Реал Мадрид се предомислија и наместо Асенсио го извадија Камавинга. Доколку Реал Мадрид биде обвинет за пропуст, ќе му бидат одземни трите бода и ќе му бидат дадени на Хетафе.

Реално ова е банална грешка направена од принудна причина и во прашање се само неколку секунди, но ако Хетафе се жали, а Ла Лига стрикно ги почитува правилата, може бодовите да му бидат дадени на тимот кој се бори за опстанок./Sport1.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button