СПОРТФУДБАЛ

Реал подготвува нови договори за Модриќ, Начо и Лукас Васкез

Саудиските клубови сакаат да доведат четворица играчи на Реал Мадрид, Лука Модриќ (38), Начо (34), Лукас Васкез (32) и Ферлан Менди (28). Сепак, раководството на Реал на тројца од нив ќе им понуди нови, едногодишни договори. Тоа би била пресвртница во случајот на Лука Модриќ бидејќи генерално се зборуваше дека тој ќе треба да бара нова средина на лето.

Модриќ и минатата година доби богата понуда од Саудиска Арабија, но реши да го продолжи договорот со Реал на уште една сезона. Откако со години беше првотимец кој освои сѐ што можеше со Реал Мадрид, а во 2018 година ја освои и „Златната топка“, оваа сезона, на прагот на својот 39. роденден, падна во втор план на тренерот Карло Анчелоти и затоа се зборува за негово заминување.

Што се однесува до дефанзивецот Начо и крилниот напаѓач Лукас Васкез, тие речиси целата своја кариера ја поминаа во Реал. Начо од оваа сезона е капитен, за кој одигра вкупно 351 натпревар, со тоа што никогаш не бил прв избор на стоперската позиција. Лукас Васкез помина кратко време во Еспањол, но остатокот од кариерата го помина во Реал и забележа 338 настапи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button