ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ребалансот на буџетот пред пратенциите во јуни

Најмалку 100 милиони евра пари кои беа предвидени за трошење од страна на буџетските корисници ќе бидат пренаменети со ребалансот на буџетот. Премиерот Димитар Ковачевски не одговори на новинарските прашања, колку точно земјава ќе се задолжи и за што ќе се користат тие средства. Во државната каса недостасуваат над 600 милиони евра, сега се прават пресметки што ќе „боли“ помалку, заем од банка или издавање на еврообврзница. Ребалансот на буџетот ќе биде пред пратениците во јуни.

Advertisements

„Во буџетот не беше предвидена војната во Украина, не само што ја продлабочи кризата, туку и многукратно ја зголеми цената на енергенсите и сите ние сме многу свесни дека цената на електричната енергија не само во Северна Македонија туку и во цела Европа неколку пати се зголеми во однос на нормалните цени кога е правен буџетот“, рече Ковачевски.

Ниту креаторот на ребалансот, министерствто за финансии не одговори конкретно на прашањата на Алсат, за колку ќе бидат скратени капиталните проекти, и колка сума на пари ќе се бараат од меѓународните финансиери. Парите од најавените задолжувања не треба да се потрошат за зголемени плати во јавниот и во приватниот сектор. Економистите се загрижени што во време кога ќе се кратат пари за проекти кои може да дадат дополнителна вредност, државата се задолжува за вештачко подобрување на стандардот на граѓаните и поткревање на ликвидноста компаниите.

„Ние се задолжуваме само за да го зачуваме социјалниот мир, за да плаќаме за средства кои ќе ја задржуваат ликвидноста, како и за плаќање на оперативни трошоци кои се појавуваат. На тој начин неможе да очекуваме дека ќе го достигнеме проектираниот раст на економијата од 4,3 отсто, веќе е намален на три отсто, а може да се очекува да одиме и на подолна линија“, вели Абиљ Бауш, економист.

Проблематично со ребалансот на буџетот е тоа што првично предвидениот дефицит во државната каса од 4,2 отсто ќе се зголеми за над шест отсто. Новото најавено задолжување ќе го продлабочи и јавниот долг на Македонија која ќе надмине и 63 отсто од Бруто домашниот производ.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button