
Пратеникот на Европскиот фронт, Скендер Реџепи, воедно и претседател на Народното движење, во интервју за Алсат истакна дека досега нема одлука или барање Арбен Таравари да стане дел од Европскиот фронт, но доколку се случи нешто вакво, тоа треба да се направи со согласност на сите политички субјекти.
„Без согласност на сите членови на Европскиот фронт не може да има дополнување со ниту еден политички субјект. Ако г. Села е против, мислите дека тоа нема да се случи? Сè зависи од аминот на г-дин Села. Мислам дека г-дин Села, неговата политичка визија е повредна од личните инаети но сепак останува дека сите прашања треба да се дел од дискусиите на маса, а потоа, знаете како одлучувал тој за прашања кој се од национален интереси, таќа ќе одлучуваше пак, ако тоа прашање се отвореше на маса, но до денес не се отворило прашањето АА на Таравари да биде дел од Фронтот“, рече Скендер Реџепи – Зејд.
Од друга страна, претседателот на АА, Зијадин Села испрати сигнали дека не се согласува да му помогне на Таравари на локалните избори во Гостивар, дури и со повлекување од трката. На прашањето дали ова му го кажал на Ахмети на последната средба, молкот на Села веројатно го дава најточниот одговор:
Дали тоа значи дека сте му кажале?
За Села, Ахмети веројатно избра погрешен човек за постигнување на главната цел, имено легитимитетот на владата.
„Ако ДУИ и Ахмети сакаат да го оспорат легитимитетот на Владата, мислам дека не избраа добар политички актер. Бидејќи господинот Таравари не симболизира политичката опција која го бранеше овој легитимитет“, рече Зијадин Села, Алијанса за Албанците-ЕФ.
Иако започна одбројувањето на последните денови на Таравари во владата, останува нејасно дали структурата на коалициската влада ќе се промени, со оглед на тоа што во партиските пратенички групи неформално се дискутира и се пресметува дали најдобро решение е промена на сегашниот состав на владата, или да се оди на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните. Додека не се расчисти маглата, има зголемен политички ангажман на социјалните медиуми.
Функционерите и симпатизерите на АА на Таравари ги преплавија своите профили со фотографии од Таравари, со натпис „Мојот претседател“, во знак на поддршка против острите ставови на претставниците на Влен кои го сметаат за предавник, бидејќи додека коалицирал со нив, 3 пати се сретнал тајно со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да преговара за соработка./Алсат.мк
Суад Бајрами