ВЕСТИРЕГИОН

Редок циклон ја погоди Грција, страшно невреме во Кефалонија и Закинтос

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, што Грците го нарекоа „јанос“, рано утрово погоди делови на Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите „летаат“ врз карпите.

Метеоролозите претходно најавија дека делови од Грција ќе се соочат со многу редок метеоролошки феномен што ќе го погоди крајбрежјето, со многу силни налети на ветерот и огромна количина на врнежи.

Танјуг објави дека под удар на циклонот, јахта која пловела под знамето на Швајцарија, носена од бурните ветрови, била исфрлена на карпите на полуостровот Итака.

Најновите метеоролошки прогнози покажуваат дека овој многу редок ураган може да биде најсилниот во историјата на овие простори.

Во Грција е издадено предупредување од високо ниво, а жителите се повикани да се засолнат. Метеоролозите очекуваат огромни количини дожд, поплави и ветрови со над 200 километри на час.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button