ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Регулаторна ќе ја одеземе лиценцата на Балкан Енерџи Груп

Регулаторната комисија за енергетика и ја одзема лиценцата за работа на Балкан Енерџи Груп. Претседателот на регулаторна Марко Бислимовски засега не ја открива причината за овој потег, само изјави дека регулаторна е во постапка на одземање на трите лиценци на БЕГ. Владата веќе треба да подготвува тендер за избор на компанија која ќе го превземе бизнисот со топлинска енергија во Скопје.

„Јас можам да и препорачам на Владата, тоа е лично мое мислење, конечно во овој сектор треба да се укинат трите дејности, производство, дистрибуција и снабдување, како што е насекаде во регионот. Да има една лиценца за топлинска енергија. Владата или други јавни претпријатија треба да си го превземат вршењето на оваа дејност“, рече Бислимовски.

И покрај ваквата ситуација, скопјани не треба да паничат, во следната грејна сезона парно ќе има. Додека биде избрана нова компанија, БЕГ треба да ги исполнува обврските . Регулаторот уверува дека државата нема да плаќа пенали на БЕГ бидејќи превреме го раскинува договорот со приватната компанија. На почетокот од годинава, кога висината на цените на природниот гас започнаа да уриваат рекорди од БЕГ соопштија дека немаат пари за набавка на гас кој е потребен за производство на топлинска енергија.

Владата реши преку ЕСМ да го преземе работењето на БЕГ и со државни пари да го купи потребното количество природен гас. Тогаш Регулаторот не ѝ ја одзеде лиценцата на приватната фирма, иако притисокот од јавноста беше голем.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button