Реконструирани улици повторно раскопани

Поправените и санирани улици ги гледаме речиси секој дел од земјата. Ова се должи на недостаток на планови и стратегии за изградба на инфраструктурата. За граѓаните, честата непланирана изградба на улици е дополнително малтретирање.
Конкретен случај што ги загрижува граѓаните се ископувањата на тротоарите на улицата Ферид Бајрами, во општина Бутел, кои пред извесно време беа целосно реконструирани.
„Ова е катастрофа. Некој ги јаде парите, а ние остануваме за никаде. Колку што се сеќавам, имам 70 години, кога се асфалтираше, се асфалтираше и толку. Сега нема ништо, сѐ е лага“, реагираат граѓаните.
Од Град Скопје и општина Бутел ден претходно објавија дека се работи на овој патен правец за поставување телекомуникациски кабли. Градоначалникот Петре Шилегов за повторното ископување на асфалтираните улици ја обвинува минатата власт, иако овој тротоар беше асфалтиран и пак се работи на истиот за време на неговиот мандат.
Шилегов додава дека пред две години се сменија регулативите на Град Скопје и секоја година ги објавуваат патиштата што ќе бидат предмет на реконструкција. Ова е со цел компаниите што имаат подземни инсталации да можат да ги планираат за санирање во истиот период. Во спротивно, во следните пет години по завршувањето на реконструкцијата, нема да може да се работи.
Мефаил Исмаили