РЕГИОН

Рекорден број заболени и починати! Потврдени драматичните бројки во Хрватска

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 793 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 3.562.

Починаа 10 лица, што е најголем број на смртни случаи во последните 24 часа од почетокот на епидемијата, пренесува „Јутарњи“.

Advertisements

Во последните 24 часа биле тестирани 6.696 лица.

Има 439 пациенти на болничко лекување, од кои 26 пациенти се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се евидентирани вкупно 22.534 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив, 344 починале, додека вкупно 18 628 се опоравиле, од кои 431 во последните 24 часа.

До денес се тестирани вкупно 379.379 лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button