РЕГИОНСВЕТ

Рекордно високи температури во Грција, најтоплата зима од 1960 година

Рекордно високи температури во Грција, најтоплата зима од 1960 година

Грција забележа рекордна просечна температура од 11,8 Целзиусови степени во текот на зимата 2023-2024 година и опишана е како најтоплата зима досега забележана во земјата, изјави денеска за AFP, Костас Лагувардос, директор за истражување во Атинската опсерваторија.

„Тоа е највисоката просечна температура помеѓу декември, јануари и февруари забележана од 1960 година кога почнаа да се собираат метеоролошки податоци во Грција“, рече Лагувардос повикувајќи се на прелиминарните податоци анализирани од одделот за климатски промени на Европската опсерваторија „Коперник“.

Advertisements

Според Атинската опсерваторија, просечната максимална температура во Грција меѓу 1960 и 2024 година за зимскиот период покажува пораст од 1,8 Целзиусов степен.

„Температурите во текот на зимата 2023-2024 беа повисоки од зимата 2015-2016 година“, која се сметаше за најтоплата во последните неколку децении, се вели во соопштението на Опсерваторијата.

Лагувардос оцени дека поширокото подрачје на Атина, центарот и североисточниот дел на земјата, како и Кикладските Острови во Егејското Море и источен Крит, ќе се соочат со проблеми со сушата во 2024 година.

Како и другите медитерански земји, каде што температурите беа многу високи во 2023 година, Грција помина низ една од најдолгите епизоди на топлотен бран минатото лето, обележана со разорни пожари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button