СПОРТФУДБАЛ

Ремонт кај Баерн, планирани се 320 млн евра за 7 летни засилувања

Баерн Минхен првпат после 11 години владеење остана без трофејот во Бундеслигата. Се најде на второто место зад новиот првак Баер Леверкузен, кој ја прекина децениската доминација на клубот од Минхен во германскиот шампионат.

Advertisements

Челниците на „баварците“ бараат нов тренер, откако добија „корпа“ од неколку тренери како Алонсо, Нагелсман, Рангник… Меѓутоа Баерн исто така работи и на нови засилувања, а „Билд“ открива седум имиња кои ќе бидат „мета“ на најтрофејниот германски клуб престојното лето.

На листата прв е Џонатан Та од Баер Леверкузен, стопер кој игра за германската репрезентација. Тео Хернандез од Милан треба да пристигне како замена за Алфонсо Дејвис, ако овој замине во Реал Мадрид. Средниот ред Баерн Минхен сака да го засили со Френки де Јонг од Барселона, Асан Уедраого од Шалке, и Амаду Онана од Евертон. „Баварците“ му фрлија око на Крис Фихрих од Штутгарт кој игра на крилните позиции, а се чини најскапо име кое фигурира на оваа листа е Чави Симонс.

Сите овие вредат околу 323 милиони евра, што ќе покаже дека Баерн се подготвува за голем ремонт во летниот преоден рок, со кој ќе треба идната сезона да ја врати титулата во Минхен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button