ВЕСТИСВЕТ

Републиканецот Рамасвами се повлече од трката и го поддржа Трамп

Вивек Рамасвами, кој го освои четвртото место на републиканските прелиминарни избори во Ајова, денеска одлучи да се повлече од трката и да го поддржи поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Од овој момент, ја прекинуваме кампањата. Нема шанси јас да бидам следниот претседател, им кажа Рамасвами на своите поддржувачи.

Тој објасни дека од почетокот на кампањата, во која често пати беше обвинуван за поддршка на теории на заговор, ветувал дека ќе го поддржи оној кандидат кој „Америка ќе ја стави на прво место“, пишува Би-Би-Си.

Рамасвами затоа му се јавил на Трамп, кој синоќа убедливо победи во Ајова, му честитал и му кажал дека ќе го поддржи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button