ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рестораните започнаа да резервираат свадби за следната година иако сè уште нема одлука дека тоа е дозволено

Свадбите не запираат иако се забранети со одлука на владата со цел да се заштити населението од корона вирусот. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека нема ден полицијата да не интервенира во спречување на свадби и други семејни прослави што го загрозуваат здравјето на присутните. Откако им беше забрането во рестораните, многу семејства пронајдоа други начини на одржување свадби, главно во приватни домови иако и тоа е забрането со одлука на владата.

Advertisements

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека при контролите наишле на големи прекршувања на мерките против ковид19.

Од стапување на сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои се зголемија надлежностите на сите инспекциски служби, Државниот пазарен инспекторат досега има издадено 20 кривични пријави и две прекршочни за повреда на здравствените протоколи, односно за организирање на свадби.“

Додека институциите се борат со незаконска организација на свадби, многу семејства почнаа да резервираат свадби во рестораните за следната година, во надеж дека состојбата ќе се стабилизира и со тоа ќе се отстрани забраната за нивно организирање. Сопствениците на ресторани побараа од Владата да ги смени протоколите што ќе овозможат закажување на датуми за венчавки поради големиот интерес од граѓаните.

„Интересот е голем, тоа значи дека е одлично, имаме резервации, но од сега ќе видиме како ќе се одвива работата со оваа пандемија. Дали ќе започнеме со протоколи или како ќе започнеме, бидејќи во моментов сме затворени иако ние упативме барање до Владата да започнеме со работа со протокол по Нова Година. Секако, по новата година, некаде од март – април очекуваме да започнеме со работа според протоколот што треба да го одобри Владата.“

Со новите законски измени, доколку инспекторатите утврдат прекршувања на здравствените протоколи, тие ќе имаат можност да изречат на лице место привремена забрана за вршење дејност од 10 до 30 дена за субјектот што не ги почитува мерките. А казните ќе биде според големината на правното лице.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button