ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ристовски: Исказот на Александар Василевски – Нинџа е невистинит

Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, обвинет како еден од организаторите на насилните настани во Сибранието на 27 април 2017 година при својота одбрана во суд, рече дека исказот на Александар Василевски – Нинџа, што се однесува до него е невистинит.

– Станува збор за невистинит исказ од лицето Александар Василевски – Нинџа. На денот на настанот не сум комуницирал, ниту пак сум го сретнал во просторите на ВМРО-ДПМНЕ, како што тој тврди. Во тој период немав никаква партиска функција, не сум имал никаков контакт со структурите на партијата, изјави обвинетиот Спиро Ристовски.

На протестите ,,За заедничка Македонија”, тој истакна дека лично не присуствувал. Дента на 27 април, како што наведе, извршувал приватни работи, односно одреден период бил во Министерството за образование.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button