ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

РКЕ предлага промени за справување со енергетската сиромаштија

РКЕ предлага промени за справување со енергетската сиромаштија

Бројот на домаќинства кои добиваат парична помош од државата за затоплување на домовите е мал и треба да се зголеми. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски предлага нов модел со кој државата ќе може да излезе во пресрет на повеќе домаќинства кои немаат доволно пари да ги платат сметките за струја. Тој за Алсат вели дека државата треба да покрива одреден дел од сметките, наместо да им префрла пари на жиро-сметка.

„.Едно домаќинство доколку има најмали приходи тоа да добива најголема помош. Како ќе се зголемуваат приходите на тоа домаќинство, земајќи го во предвид и бројот на членовите и на тој начин сакаме да ги опфатиме многудетните семејства. Во многу случаи, домаќинства имаат потрошувачка на електрична енергија но сопственоста на броилото не е кај тоа домаќинство, бидејќи можеби живеат под кирија или не го префрлиле броилото“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека корисниците на гарантирана минимална помош и на правото на социјална сигурност добиваат и надомест за покривање на трошоците за енергенси за месеците во грејната сезона од октомври до март во висина од 1.000 денари месечно. Властите велат дека оваа помош треба да се дава додека луѓето не најдат соодветно вработување.

„Гарантираната минимална помош треба да претставува поддршка на лицата кои ќе се најдат во социјален ризик, а не трајно решение, затоа што со нивната активација на пазарот на трудот се подобрува нивниот квалитет на живот“, велат од Министерство за труд и социјална политика.

Штетата од неинвестирањето во енергетски капацитети во последниве   години, предизвика цехот од оваа енергетска криза да го платат граѓаните, но и компаниите со зголемени трошоци за користење на електрична енергија.

Државата во моментов помага 45 илјади домаќинства да излезат на крај со енергетската сиромаштија, а тоа е бројот и на приматели на социјална помош. Последното истражување на УНИЦЕФ покажува дека секое четврто домаќинство во Македонија нема доволно пари за да го затопли домот./Алсат.мк

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button