СПОРТФУДБАЛ

ВАР технологијата и судијата против гол-технологијата во Фиренца

Фиорентина со вкупен резултат 7:2 ја елиминира Брага во Лигата на конференции. Првиот меч во Португалија заврши со победа 4:0 на „виолетовите“, во реваншот Фиорентина победи со 3:2.
Натпреварот во Фиренца го обележа моментот од 55.минута, кога судијата го поништи голот на Кабрал.

Артур Кабрал постигна гол за Фиорентина, гол-технологијата потврди дека топката ја минала гол линијата, но по кратка консултација, судијата отиде да ја погледне снимката реши да го поништи голот.

Кабрал во 83. минута постигна гол за 3:2, кој беше признат. За време на прославата тој се потсмеваше на ВАР-технологијата, држејќи ја раката на увото преправајќи се дека се консултира со судиите од ВАР-собата. Италијанските медиуми пишуваат дека поради тоа ќе биде казнет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button