ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Робертсон: Бугарија да ги послуша пријателите и да ја крене блокадата за Северна Македонија

Поранешниот генерален секретар на НАТО лорд Џорџ Робертсон во обраќањето на конференцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор упати и апел до Бугарија да ја крене блокадата на евроинтегративниот пат на земјава.

-Кога Бугарија бараше членство во ЕУ и НАТО тие имаа добри пријатели во мене и во штабот на НАТО. Бугарија како сосед имаше огромна приодобивка од овој Охридски договор. Доколку конфликтот продолжеше на традиционален начин како што завршува на Балканот, Бугарија ќе ги почувствуваше тие бранови и се уште ќе ги чувствуваше до денес. Денешната ЕУ е составена од земји кои со години и векови биле непријателски настроени. Но, триумф на нашето доба е што овие непријатели денес седат заедно во оваа неверојатна унија на слободни и интегрирани земји. Северна Македонија заслужува да биде таму и се надевам дека Бугарија ќе ги слушне едногласните барања од нивните пријатели и ќе ја крене блокадата за Северна Македонија, апелираше Робертсон, кој укажа дека и натаму е посветен да дава поддршка на земјава како дел од Охридската група за просперитетна иднина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button