ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Синдикалната минимална кошница во јуни 34.212 денари

Синдикалната минимална кошница за јуни годинава изнесува 34.212 денари. Од елементите што ја сочинуваат синдикалната кошница, за јуни, како што соопшти Сојузот на синдикати, на исхрана и пијалоци отпаѓаат 14.547,96 денари, на домување 10.800,18 денари, на хигиена 2.378,03 денари, на превоз 2.508,84 денари, на облека и обувки 2.176,2 денари, на култура 1.067,86 денари, а на одржување здравје 732,80 денари.
– Просечно исплатена нето плата за април годинава, според последниот објавен податок од Државниот завод за статистика, била 28.438,00 денари, наведуваат од Сојузот на синдикати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button