ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Родители: Педијатрите доцна ги откриваат проблемите со растот на децата!

Родители на деца кои имаат проблеми во растот се жалат на задоцнета дијагноза од страна на педијатрите. Билјана Стефановска е мајка на 15 годишно девојче. На 9 годишна возраст, лекарите одлучиле дека таа треба да прима терапија за раст, но две години ги чекале институциите одејќи од врата до врата за лекувањето да започне. Девојчето се лекува веќе три години и има подобрување.

Од Здружението „Раст“ бараат од сите педијатри внимателно да го следат физичкиот раст на децата и бараат Клиниката за детски болести во Скопје да ги олесни процедурите за примање терапија.

Клиниката за детски болести во Скопје третира вкупно 120 пациенти со овој проблем. Повеќе од 30 други деца се на листа на чекање. Податоците пак, на граѓанскиот сектор покажуваат дека бројот на деца кои чекаат да се лекуваат е над 100. Неодамна, Фондот за здравство го зголеми буџетот за набавка на оваа терапија.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button