ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царовска: Засега нема промена на наставниот модел

Сѐ уште нема конечна одлука дали скринингот ќе се спроведува во основните и средните училишта, како што најави министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена. Повеќе информации нема ниту министерката за образование, Мила Царовска. Таа рече дека се во постојана координација со Комисијата за заразни болести. Според неа, активните случаи на коронавирус во основното и средното образование се 0,26%, затоа не се размислува за промена на моделот на настава, од настава со физичко присуство онлајн настава.

Пред неколку дена, министерот за здравство, Венко Филипче рече дека фактот што повеќето млади во основното и средното образование го пренесуваат вирусот асимптоматски, создава потреба од скрининг за да се види вистинскиот број на заразени ученици во училиштата и прецизно да се процени ризикот. Според Филипче, ваквото тестирање ќе обезбеди точни информации и знаења за понатамошно управување со образованието и пандемијата.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button