Родителите апелираат за брзо решавање на проблемот во Чашка

Иако со помал број демонстранти и денеска влезот и излезот на Чашка беа блокирани. Демонстрантите веќе неколку месеци се противат на настава на албански јазик во ОУ „Тодор Јанев“.
Во меѓувреме, Просветниот инспекторат доби бројни поплаки од родители затоа што децата не можат да им одат на настава. Во меѓувреме, според директорот на оваа институција, демонстранти нападнале и просветен инспектор.
„Органите на МВР не презеле никакви мерки против тие лица иако имало напад врз директорката, напад врз наставник, напад врз инспектор кој вршел инспекциски работи и од целата ситуација овде, под знак прашалник е и блиската соработка на локалната самоуправа и органите на МВР во околината на Чашка. Апсурдно е да се нарушува јавниот ред и мир и во овој случај блокирањето на училиштето, институцијата и главните патишта од страна на мал број демонстранти, а да немаме соодветни мерки согласно законите кои се во сила. Тоа е неприфатливо и апелирам надлежните што поскоро да преземат мерки согласно законите“, вели Халит Ферати – Директор на Државниот инспекторат за образование.
Родителите апелираат што поскоро да се најде решение за учениците, бидејќи тие најмногу губат бидејќи не следат настава. Демонстрантите во Чашка повеќе од три месеци ја блокираат наставата и за албанските и за македонските ученици. Протестот започна поради отворањето на паралелка на албански јазик во ОУ „Тодор Јанев“ каде на македонски учат над 80 ученици Албанци.
Авни Тахири