ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арбер Адеми од ДУИ го држи блокиран Законот за медиуми, реагира ММА

На министерот за информатичко општество, Азир Алиу, му било укажано дека експерти на ЕУ и Европската комисија имаат мислења против предложеното законско решение во предлог-законот за аудио и аудио визуелни услуги. Алиу пак, вели дека не видел конкретно мислење. Во изјава за медиумите, Алиу рече дека законското решение го регулира и подобрува медиумскиот простор во земјава и како такво треба да биде одобрено. На прашањето дали предлогот е намерно блокиран од страна на претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми и тоа поради Алсат, Алиу рече дека нема информации.

„Побарав објаснување за сите закони. За конкретниот закон, ми беше кажано дека Европската унија, Европската комисија и група експерти дале негативно мислење за законот и затоа треба дополнително да се разгледа. Немам информации за каков било обид за пречки“, рече Алиу.

Македонската медиумска асоцијација (ММА) реагира на неставањето на дневен ред на Законот во Комисијата за европски прашања, предводена од Арбер Адеми. Здружението смета дека ситуацијата е бесмислена затоа што претходно веќе беше изгласана потребата од законот. Адеми и субјектот на кого му припаѓа, продолжуваат да го блокираат законското решение од причини што не се јавно објаснети, сметаат од Асоцијацијата.

„Не сакаме да веруваме дека претставникот на ДУИ, Арбер Адеми, од причини познати само на неговата партија, не сака да го стави на дневен ред за гласање законот со кој се регулира пиратеријата, медиумскиот пазар и се обезбедува транспарентна контрола на трошењето на буџетските пари.

Неставањето на овој закон пред Комисијата го сметаме за уцена кон нас, членовите на ММА пред следните избори и со тоа како индиректно мешање во нашата уредувачка политика“, наведуваат од ММА.
Со измените се предвидува регулирање на медиумската пиратерија, усогласување на стандардите со европските директиви и подобрување на домашниот медиумски пазар. Потребата беше одобрена во ноември 2023 година и остана во фаза на разгледување на амандманите, односно се држи во заложништво и не се дозволува второ читање.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button