ВЕСТИЗДРАВСТВОСВЕТ

Ројтерс: Трамп разгледува план за реформи на СЗО за да ги задржи САД во агенцијата

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го разгледува планот за реформирање на Светската здравствена организација (СЗО), вклучително и назначување Американец на чело на агенцијата за да се осигура дека ќе остане член на глобалната здравствена агенција, изјавија за Ројтерс два неименувани извори запознаени со ова прашање.

Advertisements

Изворот рече дека во документ споделен со советниците на Трамп пред неговата инаугурација на 20 јануари, се наведува дека САД ќе го објават своето повлекување од СЗО и ќе прифатат „радикален нов пристап“ за работа со агенцијата, вклучително и назначување Американец за генерален директор кога мандатот на сегашниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус ќе истече во 2027 година.

На 20 јануари, Трамп потпиша извршна наредба за повлекување на САД од СЗО, во која се наведува дека Вашингтон издвојува повеќе средства на агенцијата отколку Кина, што тој го смета за „нефер“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button