СПОРТ

Романските фудбалери не успеаја да се пласираат во плеј-оф натпреварувањето за Светското првенство „Катар 2022“

Романската фудбалска репрезентација не успеа да се пласира во плеј-оф натпреварувањето за Светското првенство „Катар 2022“, но во овие квалификации постави несекојдневен рекорд. Играчот од средниот ред Енес Сали, дебитираше за Романија на натпреварот против Лихтенштајн. Тој се вклучи во игра во 82. минута и стана најмладиот фудбалер кој играл за репрезентација која учествува во европски или светски квалификации. Енес Сали на теренот се појави со 15 години и 264 дена, а претходниот рекорд беше во сопственост на Мартин Јодегер, кој дебитираше со 15 години и 300 дена. Инаку, Енес Сали е роден во Канада, а првите фудбалски чекори ги направи во Канада и Академијата на Барселона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button