СПОРТФУДБАЛ

Роналдо Вебстер, блиску до потпис со Шкендија

Македонскиот прволигаш Шкендија е на прагот да обезбеди уште едно квалитетно засилување за пролетниот дел од сезоната. Во завршни преговори е за ангажман на Роналдо Вебстер, крилниот напаѓач на Брегалница кој остави одличен впечаток во есенскиот дел од шампионатот.

Advertisements

Вебстер наводно веќе ги договорил условите со Шкендија и се чека само „дил“ меѓу двата клуба.

Претходно, Шкендија се засили со младинскиот репрезентативец Ване Крстевски од Брера и потпиша професионален договор со својот младинец Анес Мелиќи./Makfudbal.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button