СПОРТ

Роже Федерер, „заминува“ од „ТОП 10“

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер не е меѓу првите 10 тенисери во светот, според најновата АТП ранг -листа. Швајцарскиот тенисер во моментов се наоѓа на 11 -то место, откако одигра само 19 натпревари во последните две години. Инаку, Федерер се уште е рекордер, според тоа колку недели ,бил  на листата ТОП 10, вкупно 967, а зад него се Шпанецот Рафаел Надал со 837 и Џими Конорс со 817 недели. Во меѓувреме, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна 343 -та недела на првото место на листата „АТП“, по што станува апсолутен рекордер во историјата на тенисот, во машка конкуренција. Српскиот тенисер сега има 11.430 поени, или 1.800 поени повеќе Данил Мевдедеви, на второто место.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button