ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рудните богатства долж автопатите ќе се експлоатираат подолго од сега

Владата ќе им даде рок од шест месеци на инвеститорот и изведувачот на Коридорот 8 и 10-д за експлоатација на минералните суровини и по завршувањето на проектот. Ова е три месеци подолго од сегашниот рок што е во сила. Измените ќе се прават преку законот за минерални суровини, за кој денеска продолжи расправата во Собранието.

Опозицијата се обиде да го смени овој предлог со амандман. Сличен амандман имаше и пратеникот од партиите на мнозинската коалиција, Љупчо Балковски, но и двата беа отфрлени. Мнозинството смета дека треба да се создадат сите услови за побрзо и поефикасно работење.

„Ние како пратеници сето ова го правиме за да бидеме поефикасни и на некој начин да ѝ помогнеме на Владата затоа што во изминатиот период навистина имавме многу проблеми со реализацијата на вакви проекти кои – ќе нагласам, беа многу неефикасни и ни требаше долго време да за спроведување“, рече Рина Ајдари, пратеничка на ДУИ.

Опозицијата не верува во добрите намери на власта без да го види договорот меѓу државата и „Бехтел – Енка“.

„Доколку не се изгласаат овие осум закони што се во моментов, не е крај на светот. Значи, компанијата Бехтел – Енка на 22 овој месец ќе започне со изградба на Коридорот 8, но работите ќе се пролонгираат и изградбата на автопатот и сегментите ќе чини повеќе“, рече Бедри Фазли, ДУИ.

Актуелно во процедура се осум закони кои, како што тврди власта, предвидуваат олеснување на административните процедури за изведувачот на автопатите.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button