СВЕТ
Русија и Украина повторно разменија затвореници

Русија и Украина денес, како дел од договорите постигнати во Истанбул на 2 јуни, спроведоа уште една рунда размена на воени заробеници, објави руското Министерство за одбрана.
Според Министерството, на 20 јуни „група руски војници е вратена од територијата контролирана од режимот во Киев“, објави Интерфакс.
Руското Министерство за одбрана додаде дека за возврат е префрлена група воени заробеници од вооружените сили на Украина.