ВЕСТИСВЕТ

Руската полиција уапси 1.700 приврзаници на Навални на протестите низ целата земја

Руската полиција уапси околу 1.700 приврзаници на осудениот опозициски лидер Алексеј Навални на протестите со барање за негово ослободување. Илјадници демонстранти се собраа во центарот на Москва, на повик од соработниците на Навални, чија здравствена состојба е многу лоша, бидејќи тој штрајкува со глад повеќе од три недели. Групата ОВД-Инфо, што го следи апсењето на политички демонстранти и активисти, соопшти дека многу демонстранти биле уапсени пред да започнат протестите и дека меѓу нив има и двајца блиски соработници на Навални.

Advertisements

Според последните податоци од таа група, во 82 града се уапсени 1.700 лица, а најмногу во Санкт Петербург, околу 600 лица. Соработниците на Навални ги повикаа граѓаните да излезат на протести, откако деновиве беше објавено дека неговата здравствена состојба одеднаш се влошила. Московската полиција соопшти дека 6.000 луѓе протестираа во главниот град, додека еден набљудувач за Јутјуб каналот на Алексеј Навални изјави дека имало 60.000 луѓе. Протестите беа закажани за денот на годишното обраќање на Путин до нацијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button