Руски фискални сметки на промотивното видео на Владата
Руски фискални сметки на промотивното видео на Владата

За околу 1 час говор, премиерот Димитар Ковачевски денеска повеќе од 10 пати ги спомена Европската Унија и НАТО на годишната конференција „година на нови можности“. Но, откако говорот заврши, видео презентацијата зад него го промовираше новиот даночен систем преку руска фискална сметка..
И покрај тоа што оваа видео снимка поминало без проверка од надлежните луѓе во владата, премиерот Ковачевски рече дека се работи за човечка грешка и не треба да се сфаќа сериозно.
Ковачевски и канцеларијата за информирање во Владата, пак, не одговараат на прашањата на АЛСАТ за тоа која била агенцијата или лицата кои работеле за реализација на ова промотивно видео, како и за тоа кој е надлежен да ги проверува ваквите материјали пред да бидат објавени.
Покрај Ковачевски, во првиот ред седеа и Артан Груби, Оливер Спасовски, Фатмир Бесими, Славјанка Петровска, Фатмир Битиќи, Никола Тупанчевски, Крешник Бектеши, Беким Сали и други.
Реагираше Движењето БЕСА, според нив, тоа не е случајно, туку се случува поради врските и бизнисите што ги имаат државните структури со Русија.
„Со ова оваа влада отворено докажува дека оваа година ќе биде година на промовирање не само на руски фискални сметки, туку и на руска политика. Во промотивното видео најлошо е што го одобрија оние кои цело време трубат за европска коалиција, а од друга страна се чини дека не можат да се ослободат од рускиот феномен, се разбира поради врските и бизнисите кои ги имаат високи структури на државата. Цело време, Европската Унија искажуваше загриженост за руското влијание во Северна Македонија, но тоа, како и секогаш, не беше сфатено сериозно од владата“, велат од Движење БЕСА.
Меѓу другото, на оваа конференција се разговараше и за економската криза предизвикана од руската агресија во Украина. За сето ова време државните функционери предупредуваа за руското влијание во земјата, и дека со купувањето гас се финансира руската армија, но министерството за надворешни работи се снабдуваше со нафта од руска компанија./Алсат.мк
Ардит Рамадани